Собранието на Црна Гора го усвои предлогот за поведување постапка за утврдување на обвинението дали претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, го прекршил Уставот поради постапките во Цетиње при устоличувањето на владиката Јоаникије.
Претседателот на Парламентот на Црна Гора, Алекса Бечиќ, најави дека ќе испрати предлог до Уставниот суд, со цел судот да се произнесе дали шефот на државата го прекршил највисокиот правен акт, јавуваат црногорските медиуми.
Доколку Уставниот суд утврди дека Ѓукановиќ го прекршил Уставот, Собранието може да го смени од претседателската функција.
Предлогот беше изнесен во Собранието врз основа на иницијативата на Социјалистичката народна партија. СНП смета дека со изјавите и постапките на Ѓукановиќ во Цетиње на почетокот на септември грубо го прекршил членот 14 од црногорскиот Устав кој предвидува дека верските заедници се одвоени од државата, како и дека се еднакви и слободни во вршењето на верските обреди и верските работи.
Како што претходно објасни Владимир Јоковиќ, лидерот на СНП, претседеателот Мило Ѓукановиќ со своите изјави неколку пати го прекршил Уставот на Црна Гора затоа што повикал да се спречи изразување на верски чувства, што е загарантирано со врховниот правен акт.
Ѓукановиќ, исто така, поттикна да се спречи верскиот обред на устоличување на митрополитот, кој се одржува со векови – изјави Јоковиќ .
Пратениците со 41 глас за и 36 против го усвоија предлогот за поведување постапка за утврдувањето дали претседателот на Црна Гора го прекршил Уставот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.