Апелацискиот суд на Црна Гора ја укина првостепената пресуда за случајот познат како „државен удар“.

Во првостепената пресуда за наводен „државен удар“ на изборниот ден во 2016 година со цел соборување на тогашната власт предводена од актуелниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, осудени беа повеќе лица меѓу кои и лидерите на Демократски фронт, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, како и поранешниот генерал на Жандармеријата на Србија, Братислав Дикиќ.

Адвокатот на Дикиќ изјави дека тој денеска ќе го напушти затворот во Спуж.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.