Звездан Бегиќ (46) од Подгорица, осуден член на меѓународната криминална организација Пинк Пантер е уапсен во Буенос Аирес.
Бегиќ влегол во земјата со фалсификуван пасош на Европската унија, а живеел под лажен аргентински идентитет. Тој е осуден во Франција на 15 години затвор, а го бара и италијанската полиција за грабежот во Милано.
Според аргентински „Инфобае“, Бегиќ и неговиот колега ограбиле златарница во Сен Тропе во 2005 година и одзеле накит вреден два милиони евра.
Бројни медиуми претходно објавија дека Бегиќ и Душко Мартиновиќ, двајцата, биле осудени на 15 години затвор во Франција за грабежот, со доживотна забрана за влез во таа земја.
Бегиќ и двајца колеги вооружени влегле во златарницата „Парадизо Луксери“. Одзеле 20 часовници „Ролекс“ и две нараквици проценети на по 200 000 евра и избегале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.