Црногорската полиција ги уапси Дарија Трипковиќ Прашчевиќ и Милан Плављаниќ, двајцата од Херцег Нови, под сомнение дека го држеле затворен српскиот државјанин В.С. во еден стан во градот каде го мачеле и му нанеле тешки телесни повреди.

Според црногорските медиуми, Србинот го спасила полицијата која упаднала во станот и ги затекнале осомничените со нивната жртва.

-Под сомнение дека извршиле кривично дело противправно лишување од слобода користејќи кривични дела мачење и тешка телесна повреда, од слобода се лишени Д.Т.П. и М.П. од Херцег Нови. Тие ова дело го извршиле на штета на В.С. од Република Србија на начин што на 4. август оштетениот го повикале во својот стан, по што го врзале и му задале повреди со тапи предмети, но и му ставале ткаенина во уста за да не може да повикува помош. Тие се осомничени дека лицето го држеле врзано неколку часови, соопштија од полициската управа на Црна Гора.

Инаку полицајците постапувајќи по наредба од истражен судија, влегле во станот и на самото место ги затекнале осомничените и оштетениот кој имал видливи повреди по главата и телото. Несреќниот Србин потоа е префрлен во болница каде му се констатирани тешки телесни повреди.

– Истражен судија по сослушувањето кај обвинител за Д.Т.П. и М.П. донел решение за одредување притвор во траење од 30 дена поради наведените кривични дека, велат од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.