Полиција уапси едно лице под сомнение дека ширел лажни вести и на тој начин предизвикал вознемиреност на јавноста, соопшти Управата на полицијата на Црна Гора.
Црногорскиот весник „Вијести“ објави дека е уапсен Миливој Брковиќ поради ширење лажни вести за присуство на новиот коронавирус во Црна Гора.
Брковиќ на својот фејсбук-профил напиша дека има информација дека 13 граѓани на Црна Гора се заразени со новиот коронавирус.
Брковиќ е познат активист, кој во моментот е актуелен со протестите против новиот Закон за верските објекти.
Надлежните органи и претставници на Владата на Црна Гора и на Министерството за здравство апелираат до граѓаните да не шират дезинформации и да не предизвикуваат паника.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.