Црногорски државјанин, член на екипаж на товарен брод, е осуден на пет години и десет месеци затвор во Филаделфија (САД) за шверц на кокаин.
На бродот кој пристигнал во Филаделфија биле пронајдени 1,8 тони кокаин.
Црногорецот Владимир Пенда (28), кој бил инженер на бродот е еден од осумте членови на екипажот на бродот „МСЦ Гајане“, се изјасни за виновен по заплената во јуни 2019 година.
Обвинителите изјавија дека Пенда добил околу 4.800 американски долари за трансакцијата.
Пенда изјавил дека е желен да ја отслужи затворската казна и да се врати кај своето семејство.
Другите членови на екипажот сè уште не се осудени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.