По повод претстојните празници – Нова година и верскиот празник Божик за вработените од православна вероисповед во Црна Гора неработни денови ќе бидат 1, 2, 6, 7 и 8 јануари, објави тамошното Министерство за труд.

Како што се наведува, според законот за државни и други празници, Новата година ќе се слави во вторник на 1. и среда на 2. јануари.

Верниците од православна вероисповед право на платено отсуство ќе имаат и на 6, 7 и 8 јануари кога ќе се празнува верскиот празник Божик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.