Со новите епидемиолошки мерки во Црна Гора, кои од денеска стапуваат во сила, се забрануваат новогодишни прослави на отворено, свадби на отворено и во затворен простор, како и работа на ноќните клубови.
Исто така, се ограничува и работното време на угостителските објекти до полноќ и забрането е организирање ученички екскурзии и излети, приватни прослави и родендени, а престој во куќи и станови се препорачува само за членови на исто семејство.
Националниот дигитален ковид-сертификат и претходно беше услов за преминување на државната граница, за престој во затворен дел на угостителски објекти, за присуство на приредби и спортски натпревари.
Владата на Црна Гора се уште ја разгледува можноста од 1 декември да воведе задолжително поседување Национален дигитален ковид-сертификат за целата јавна администрација – здравство, образование, полициска управа, армија, пренесува РТЦГ.
Доколку бидат усвоени тие мерки, од 1 декември Националниот дигитален ковид-сертификат ќе биде неопходен и за влез во јавен превоз, трговски центри, спортски сали, деловни простории и бизнис објекти, во кои дејност вршат повеќе од три компании, односно претприемачи и објекти со површина над илјада метри квадратни, каде се врши малопродажба на непрехранбени производи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.