Црногорскиот здравствен систем се подготвува за евентуален нов бран на коронавирус, изјави денеска црногорскиот министер за здравство Кенан Храповиќ, иако, како што вели, прашање е дали воопшто ќе се појави нов бран.
Ние се подготвуваме како да ќе има нов бран. Ги видовме ефектите од мерките за превенција што ги спроведовме и суштината на соодветниот одговор е навремена заштита, изјави Храповиќ за новинската агенција Мина.
Црна Гора нема нови заразени повеќе од две недели, а Храповиќ потсети дека од 325 заразени лица, само 76 биле хоспитализирани.
Црна Гора достигна 175 од почетните 75 респиратори за кратко време, испораката на десет респиратори се очекува следната недела, а 86 до крајот на јуни, додаде Храповиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.