Институтот за јавно здравје ќе предложи целосно заклучување на Црна Гора, поради сложената загрижувачка и алармантна состојба, изјави епидемиологот Марија Божовиќ.

Минатата недела министерството за здравство донесе нови епидемиолошки мерки, кои вклучуваат заклучување на 11 градови и општини, а нови се најавени за утре.

Ако земјата беше заклучена, мерките ќе дадеа резултати, но и после тоа, основните мерки ќе мора да се почитуваат затоа што вирусот е тука, а дневните бројки нè предупредуваат на тоа, рече Божовиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.