Во Црна Гора повторно е прогласена епидемија на коронавирус во целата земја. Воведено е задолжително носење маски на отворено и во затворено, освен на плажи и во национални паркови.
Во вториот бран на епидемијата од коронавирус во Црна Гора заболеле вкупно 2.045 лица, а 26 заразени починале. Статистички гледано, на 100.000 жители бројот на моментално заболените во Црна Гора е 305, и земјата според тој параметар е на врвот на листата земји во регионот.
Носењето заштитни маски од полноќ е задолжително на целата територија на Црна Гора, вклучително и за деца на возраст над седум години, освен на плажите и во националните паркови, под услов придржување на физичка дистанца и до претходно пропишаните мерки. Исто така се ограничува собирање на максимум 40 лица на отворени јавни места и до 20 лица во затворено“, соопшти црногорската влада.
Мерките за забрана за работа на ноќните и диско клубовите и организирање свадби, матурски, роденденски и други приватни прослави се продолжени до 6 август. Претходно, работењето на угостителските објекти во централниот, најнаселен дел од земјата бил ограничен до 22 часа, додека на приморјето работното време на кафулињата и рестораните до полноќ.
Вториот бран на зараза во Црна Гора започна на 14 јуни, а оттогаш бројот на заразени трипати е зголемен во однос на првиот бран, кога за два и пол месеци со коронавирус во Црна Гора се заразиле 324 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.