Владата на Црна Гора побара помош од НАТО-алијансата за борба против коронавирусот во форма на медицински материјали.

Барањето беше испратено до Евро-атлантскиот центар за координација при катастрофи на НАТО и сите членови на Алијансата се запрашани дали можат да помогнат со повеќе од 5,6 милиони хируршки маски, околу половина милион маски со филтри П2 и П3, околу 6,5 милиони нараквици, околу 250.000 очила и визери, над 336.000 хируршки фустани и уште 100.000 водоотпорни фустани, како и 50.000 водоотпорни престилки, милион хируршки капи за еднократна употреба, пренесува подгоричкиот портал „Вијести“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.