Владата на Црна Гора соопшти дека на целосно вакцинираните лица, односно оние коишто примиле по две дози од вакцините за Ковид-19, во следните месеци би можело да им се овозможи да се собираат во затворен простор и без физичка дистанца или носење заштитни маски, под одредени услови.

На владиниот налог на Твитер пишува дека едно од најчесто поставуваните прашања е дали лицата треба да носат маски и да избегнуваат контакти со други доколку примиле две дози на вакцината.

Од Владата велат дека засега сите јавни здравствени агенции и авторитети препорачуваат носење заштитна маска неколку недели по ревакцинацијата.

Во месеците кои следуваат очекувано е дека на целосно вакцинираните лица ќе им се овозможи собирање во затворен простор и без физичка дистанца или носење маски под одредени услови – наведуваат од црногорската Влада. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.