Црногорската влада одбила донација од 10.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, а опозицијата ја нарече владината одлука политички мотивирана.
Во Црна Гора сè уште не е почната вакцинација против коронавирусот.
Владата, како што беше соопштено, ја одбила донацијата затоа што веќе било договорено секоја набавка на вакцини да минува преку директен контакт со производителите, односно со земјите од каде што доаѓаат вакцините.
Секој друг вид набавка на вакцина или донација или кој било друг вид снабдување бара дополнителна проверка, односно посебна претпазливост, рече министерката за здравство, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ.
Инаку, како што пренесуваат регионалните медиуми, донацијата била понудена од сопственикот на „Адријатик пропертис“ и Универзал капитал банк, Петрос Статис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.