Црна Гора не е заинтересирана за „мал Шенген”, единствен економски простор во кој меѓу земјите од Западен Балкан би се одвивал непречен проток на луѓе и стока без задржување на границите, објави босанскиот портал Капитал.
Порталот наведува дека оваа идеја со години ја заговара српскиот претседател Александар Вучиќ, кој заедно со премиерите на Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама минатиот месец во Нови Сад потпиша иницијатива за воспоставување таква зона, а повикани се и други држави од регионот да се придружат.
Освен Црна Гора, која јасно порача дека не е заинтересирана, Албанија своето учество го услови со учеството на Косово, за која бара да биде дел од регионалната соработка, а поради што Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) изгуби на значење, оценува порталот.
Последици од иницијативата може да биде фрагментација во рамки на самиот Западен Балкан, а нејзината потенцијална злоупотреба може да се искористи за дневнополитички цели во одделни држави од регионот и оддалечување на овие земји од европскиот пат”, оцени црногорската власт во официјалниот документ во кој порталот имал увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.