Нафтата е единствениот ресурс кој може да ги реши сите црногорски финансиски проблеми до 2024 година, смета канадскиот експерт и консултат за геофизика и нафтени истражувања со црногорско потекло Владимир Поповиќ.
Тој на министерот за капитални инвестиции Младен Бојаниќ му ги испратил своите проекти за развој на нафтената индустрија, со чија реализација Црна Гора би можела да има најмалку десет пати поголем приход од нафтата отколку од туризмот за многу кратко време, пренесува РТЦГ.
Се што треба да с е направи е да се формира национална нафтена компанија како сопственик на црногорското приморје, да се донесат шест експерти пронаоѓачи на нафта, да се планира 3Д програма преку целото подрачје од Хрватска до Албанија, да се вклучи конзорциумот Ени-Новатек и Енерген 3Д програма во заедничка програма, како и да се регистрира фирма на берзата во Њујорк или во некоја друга берза, вели Поповиќ.
Тој смета дека акциите на фирмите дополнително ќе пораснат кога ќе бидат водени од нафтени експерти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.