Институтот за јавно здравје на Црна Гора одлучи од утре (6 ноември) во Подгорица, Будва, Улцињ и во Цетиње да бидат затворени училиштата и угостителските објекти.

Оваа мерка треба да трае 14 дена, а потоа да се анализира состојбата и да се одлучи за понатамошните чекори.

Ќе биде забрането и собирање по станови и куќи на лица кои не се членови на заедничко домаќинство.

Како што наведуваат од Институтот, оваа одлука ја донеле затоа што не се почитувале мерките.

Експоненцијалниот раст на бројот новозаболени стигна како последица на непочитувањето на мерките и масовните собирања во претходните денови. Предлагаме мерки кои се најдобри за здравјето на граѓаните – наведоа од Институтот за јавно здравје на Црна Гора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.