Националното координативно тело за заразни болести на Црна Гора одлучи самоизолацијата при контакт со заболен од Ковид-19 да трае 21 ден, пишуваат медиумите од Подгорица.

По предлог на Институтот за јавно здравје, изменети се наредбите на Министерството за здравство, кои се однесуваат на карантин и самоизолација на лицата што биле или се сомнева дека биле во контакт со заболени од Ковид-19 или за контакт со лица за кои постои сомнеж дека се заболени од оваа болест, соопшти црногорската влада.

Самоизолацијата до оздравување, а најмалку 21 ден, е одредена и за оние што имаат позитивен ПЦР-тест на новиот вирус и имаат благи симптоми или се без симптоми на болеста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.