Просечната месечна нето-плата во Црна Гора за мај 2021 година изнесува 530 евра, додека бруто-платата е 792 евра.

Заводот за статистика – Монстат, соопшти дека просечната нето плата во мај се зголемила за 0,2 проценти во споредба со април, додека во споредба со мај минатата година забележала зголемување од 2,3 проценти.

Ако се има предвид дека потрошувачките цени во мај годинава се зголемиле за 0,3 проценти на месечно ниво, следува дека реалните плати во истиот период паднале за 0,1 процент, јавија црногорски медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.