Црна Гора го подигна степенот на подготвеност поради коронавирусот од низок на умерен, откако во Италија се забележани неколку смртни случаи и поголем број на заразени во кратко време, пренесува „Индекс“.
На граѓаните на Црна Гора не им се забрануваат патувањата во оние подрачја на Италија кои се погодени од коронавирусот, но треба да им се укаже сериозноста на ситуацијата, и им се советува да не патуваат таму ако тоа не е неопходно – информираше директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, Бобан Мугоша.
Црногорските здравствени власти под здравствен надзор ги ставија сите патници од авионот кој во понеделникот долета од Болоња во Подгорица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.