Црна Гора денеска, на Меѓународната конференција во Брисел, го отвори осмото последно поглавје во преговорите со Европската унија.

Поглавјето осум кое денеска е отворено ја опфаќа заштитата од конкуренцијата и државната помош, а преговорите во ова поглавје имаат за цел ефикасно спроведување на политиката за заштита на конкуренцијата, што придонесува за унапредување на економијата, развој и раст на бројот на економски друштва, унапредување на вложувањата и истражување и развој на нови производи, привлекување нови инвестиции, зголемување на производството и извозот, пренесува РТЦГ.

Црна Гора преговорите за членство со ЕУ ги отвори пред осум години и досега ги отвори сите поглавја, а привремено ги затвори преговарачките поглавја 25 – наука и истражување, 26 – Образование и култура и 30 – надворешни односи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.