Епидемиолошката крива во Црна Гора сега е на својот врв, а потребно е време за да почне да oпаѓа.

Во утринската програма ТВЦГ,  д-р Марија Божовиќ од црногорскиот Институт за јавно здравје (ИЈЗ) изјави дека дека сите мора да бидат свесни за сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа земјата и да сторат сè за да се смени ситуацијата.

Епидемиолошката крива сега е на својот врв, дали ќе падне…а и падот не може да се случи во рок од два до три дена, потребно е време. Ако не се применат мерките, не може да дојде до опаѓање, туку може всушност да има раст – истакна Божовиќ.

На прашањето дали имало случаи на повторна инфекција на пациенти кои претходно биле позитивни на корона вирус, Божовиќ одговори дека немаат податоци за такво нешто.

Со оглед на тоа што заштитниот имунитет сè уште не е доволно испитан и е непознат кај лицата заразени со вирусот, се уште не е доволно разјаснета можноста за повторна инфекција, па затоа не би излегувала со официјални бројки – истакна Божовиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.