Голем број верници рано утрово се собраа пред манастирот Острог, во Црна Гора, пренесе РТЦГ.

Во манастирот митрополитот црногорско – приморски Амфилохије ќе служи литургија за празникот Свети Василије Острошки.

Од вчера во Црна Гора е дозволено вршење на верски служби, но под одредени услови.

Забраната за собири и понатаму е на сила.

Само треба да ги почитуваме сите барања на Националното координативно тело, тоа е насушна потреба – рекол претходно Амфилохије.

Полицијата во неделата спречи неколку верници да стигнат во Острог, а интервенирала и пред други верски објекти во Црна Гора.

Во последните 24 часа во Црна Гора не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус, а активни се 21 случај. Досега починале 19 лица, а вкупниот број на заболени е 324.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.