Грчкиот премиер Алексис Ципрас, говорејќи на расправата во грчкиот Парламент, кусо пред гласањето доверба на владата, ги извести пратениците дека Грција ја примила Вербалната нота од македонското МНР во која се соопштува дека се исполнети обврските согласно Договорот од Преспа. Ципрас рече дека во добиениот текст, „соседите освен што известуваат, имаат и толкувачка изјава, односно појаснуваат: прво, дека терминот „националност“ се однесува исклучиво на државјанство и второ е дека македонскиот јазик е признат од 1977 година и и припаѓа на словенската група јазици”, пренесува АНА-МПА.
Инаку синоќа владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас го преживеа гласањето доверба во парламентот со 151 глас „за“ и 148 „против“.
071 268 315
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.