Сликата во речиси сите болници во Атика е слика на воена состојба, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас по посетата на атинска болница и додаде дека „болниците се наоѓаат на чекор пред распад, ако не се распаднат, тоа ќе биде поради натчовечките напори на лекарите и медицинските сестри, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас вели дека веќе неколку седмици, во болниците во Атика, над 100 пациенти кои се привремено приклучени на апарати на ковид клиники, не можат да најдат кревет на интензивна нега, бидејќи се сите исполнети.

Сликата во речиси сите болници во Атика е слика на воена состојба, лекарите и медицинските лица несебично, над и вон нивните можности обезбедуваат услуги, но насобраниот број пациенти кои имаат потреба да бидат хоспитализирани на интензивна нега и недостатокот на кревети, создава ситуација која навистина, без преувеличување, е слика на воена состојба – рече Ципрас.

За мобилизацијата на приватни лекари што започна денеска, лидерот на СИРИЗА ја обвини Владата дека во последен момент и без план ја донела одлуката и го поставува прашањето зошто овие 200 лекари што се сега потребни за помош на националниот систем, не беа вработени во изминатиот период



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.