Ако историскиот Договор од Преспа нѐ научи на нешто, тоа е дека е време да правиме историја на Балканот, наместо да бидеме заробени во неа, напиша на „Твитер“ лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас по повод наградата за мир што ја добија заедно со македонскиот премиер Зоран Заев, јави дописничката на МИА од Атина.
-Чест е да се прими Хесенската награда за мир и да се сподели со пријател како Зоран Заев. Се надевам дека тоа им дава сила на луѓето во Македонија да продолжат да се борат за нивната добро заслужена и долго очекувана европска иднина. Ако историскиот Договор од Преспа нѐ научи нешто, тоа е дека е време да правиме историја на Балканот, наместо да бидеме заробени во неа, напиша Ципрас на „Твитер“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.