„Преспанскиот договор става крај на фалсификувањето на нашата историја. Тој дефинитивно и неповратно става крај на навредливото присвојување на античка грчка Македонија“, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас од обраќањето вечерва во Солун.
Ципрас рече дека „дефинитивно и неповратно се затвора парадоксот на иредентизмот на Македонија на јасен што ќе се одрази во Уставот на соседната земја“
Ципрас зборуваше за Преспанскиот договор, презентирајќи го како чекор напред во односите меѓу народите на Балканот. Во исто време, тој го пофали Солун поради „хармоничниот соживот на различни култури и традиции, тешката историја и големите демократски борби“.
Нема да дозволиме тој да стане град на екстремната десница и на омразата, бидејќи Солун, Македонија и Грција нема да се враќаат назад, истакна тој, пренесе Грик рипортер.
Тој рече дека „Солун денес реагира на темнината, омразата, национализмот и експлоатацијата на патриотизмот“, додавајќи дека „демократскиот народ во Македонија денес испраќа порака на отпор, слобода, демократија“, всушност мислејќи на северна Грција.
Ципрас продолжи:
Ние нема да дозволиме политичарите што ја ограбиле нашата татковина и ја фрлија на работ на банкрот, денес да глумат патриоти и да одат рака под рака со неонацистите на Златна зора.
Нема да дозволиме политичарите што земаа мито од Сименс и Новартис левицата да ја нарекуваат предавници“, додаде тој.
Околу 2.000 полицајци беа присутни во градот за да спречат немири, додека властите беа на штрек поради две лажни пријави на бомби.
Пријавата на бомба преку телефонски повик во Палатата на спорт, стадионот каде што зборуваше премиерот, се покажа лажна.
Претходно во градот, кај Белата кула, се одржаа демонстрации против употребата на зборот „Македонија“, а анархистички групи одржаа контрамитинг во Камарес.
За време на говорот на Ципрас, демонстрантите се обидоа да се пробијат во канцелариите на партијата СИРИЗА, но полицијата ги оттурна назад. Немирите беа проследени со солзавец и бучни гранати од страна на полицијата, при што демонстрантите се повлекоа назад кон Белата кула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.