Коалициските партнери во грчката Влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос, прво ќе ја чекаат разврската кај нас, а потоа ќе остварат средба.

Иако беше неофицијално најавувана за денес, а и самиот премиер на Грција го спомена тоа во неговот завчерашно интервју, сепак, средбата се одложува, јави дописничката на МИА од Атина.

Додека не се тргне блокадата што постои во ПЈРМ се договоривме да ја одложиме средбата со премиерот, изјавил претседателот на Независни Грци, Панос Каменос, во разговор со новинарите пред почетокот на состанокот на пратеничката група на неговата партија.

Тој додаде дека сите работи се меѓусебно поврзани, дека е во отворена комуникација со Алексис Ципрас, но и дека не може да се одржи средба врз основа на сценарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.