Лидерот на главната опозициска партија „Сириза“, Алексис Ципрас, го обвини денеска грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис дека ги фаворизира „паразитската олигархија и бизнис-елитата“.

Говорејќи во парламентот, Ципрас рече дека е безобразно да се разговара за закон и ред кон немоќните, а истовремено да се кршат законот и редот поради големите и моќни хулигани во костум и вратоврски кои го ограбуваат јавниот сектор и живеат во странство на сметка на жртвите, пренесе агенцијата „АНА“.

Тој исто така рече дека тоа се причините за банкротирање што, како што оцени, за жал се враќаат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.