Ако не постоеше Договорот од Преспа, денес Турција немаше да биде само источно и југозападно од нас, бидејќи Турција е и во Либија, ќе беше и на нашата северна граница, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во синоќешното интервју за четири грчки регионални телевизии, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас, говорејќи за грчко-турските односи, кусо се осврна и на Договорот од Преспа и ги спомена трите меморандуми со  Македонија, кои сѐ уште не се ратификувани во Парламентот, упатувајќи критики до актуелната грчка Влада и премиерот Мицотакис.

Не е сериозна слика за земјата тоа што веќе една година не ги носи за ратификација клучните аспекти на Договорот од Преспа, Меморандумите за соработка, што се корисни за Грција, бидејќи нема самодоверба или доверба дека неговите пратеници ќе ги гласаат. Мисли дека меѓународната заедница не го гледа ова? Дека нашите соседи не го гледаат тоа? Не гледаат дека е слаб премиер во однос на ова? Не сакам да говорам многу за Договорот од Преспа. Само една работа ќе кажам: ако не постоеше Договорот од Преспа, денес Турција немаше да биде само источно и југозападно од нас, бидејќи Турција е и во Либија, ќе беше и на нашата северна граница – рече Ципрас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.