Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на Америка ги дешифрирала пораките од Sky телефонот на поранешната државна секретарка во МВР Дијана Хркаловиќ, дознава српски Телеграф од извори блиски до српското разузнавање.

Овие податоци можат да ги поврзат Хркаловиќ, но и нејзиниот штитеник Вељко Беливук, со политичари, бизнисмени,  полицајци и личности од сите сфери на јавниот живот.

Сепак ЦИА очигледно нема намера тоа да им го пренесат на своите колеги во Србија и на тој начин да помогнат во расветлувањето на најтешките злосторства. Наместо тоа, снимените разговори се користат за да се задржат актерите на „краток синџир“ и да се уценуваат да соработуваат.

Американците на своите колеги во Европа им ги дале само оние делови од разговорот и фотографии од шифрирани телефони кои се однесуваат на класичен криминал, снимки и слики од колење и мачење во куќата на ужасите во Ритопек, но не и оние каде што комуникацијата меѓу Дијана, Невоља и нивните соработници и патрони на високи позиции, политичари, бизнисмени …

Во дешифрираните пораки не само што има директна комуникација со Веља и неговиот клан, туку и информации поврзани со она што таа го правела во МВР.

Станува збор за злоупотреби на службената положба, киднапирања, рекетирање… – открива изворот на српски Телеграф.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.