Поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман одржувал контакти со усташите во егзил под покровителство на ЦИА, со цел заедно да работат на распадот на СФРЈ, тврди поранешниот контраразузнавач Љубан Каран.

Документот на ЦИА од 20 ноември 1970 година, кој неодамна ја виде светлината на денот, потсетува на „силите што ја децентрализираа политичката моќ и контрола во Југославија повеќе отколку во кое било друго комунистичко општество“.

– ЦИА не само што знаеше за распадот на Југославија, туку и планираше и работеше на тоа. Тие документи што сега излегуваат не се ништо ново. Тие документи потекнуваат од 50-тите години на дваесеттиот век – изјави режисерот Љубиша Ристиќ за Телевизија Курир.

Тогаш, според него, се знаело дека прогнозите на американските разузнавачи не биле добри.

-Ако банките не ги продолжат заостанатите кредити и не дадат нови, Југославија сепак сигурно ќе западне во неволја и ја чекаат тешки времиња – се проценува во документот на ЦИА напишан десет години пред смртта на Јосип Броз Тито. .

Тоа значи, убедени се експертите, дека сценариото од крвавите 1990-ти всушност било напишано многу години порано.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.