Спасувачките екипи во Албанија успеаја, два дена после разорниот земјотрес, од рушевините да извлечат жив 33 годишен маж.
Бројот на настрадните во земјотресот во Албанија се качи на 49. Во таа земја и синоќа имало тресење на тлото, со јачина од 4.8 стпени.
Бројните спасувачки екипи од Албанија и регионот, веќе четврти ден се обидуваат да пронајдат знаци на живот во разрушениот Драч и околните населби.
Млад човек, жител на Тумане, населба, најблиску до епицентарот, извлечен е во драматична акција од рушевини под кои поминал цели два дена.
Толку им требало на специјалните екипи да ги тргнат тоните бетон и шут кои го затрупале момчето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.