Четириесет и петгодишен човек загинал, а осумгодишно момче е полесно повреденово експлозија на бомба во семејна куќа во Тешица, село во општината Алексинац (Србија).

Инцидентот се случил во семејната куќа на Милорад А., во која тој живеел со сопругата, ќерката и синот, објавија српските медиуми.

Соседите изјавиле дека дошло до голема експлозија и дека веднаш повикале полиција и итна помош од Здравствениот дом во Алексинац.

Според првичните информации, загинатиот Милорад А. му ја покажувал бомбата на својот осумгодишен син. Се претпоставува дека од невнимание ја активирал експлозивна направа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.