Македонската државјанка С.Т. која е тешко повредена на 16 декември, кога кај Лесковац  од коловозот излета автобус со патници од Македонија и се преврте, почина синоќа во клиничкиот центар во Ниш. Таа е четвртата жртва на несреќата во која 6 лица беа тешко повредени, а 32 полесно. Три жртви починаа на лице место, пишува српски Блиц.

Патничката С.Т. имала прелом на карличните коски кои довеле до руптура на мокрачната бешика, поради што е оперирана во Клиничкиот центар во Ниш. Со уште една патничка била приклучена на апарати за дишење. Во КЦ Ниш биле довезени уште четири тешко повредени патници, чија состојба е стабилизирана.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.