Психички болниот Милош Илиќ (20) со секира уби четири члена од семејството во изнајмен стан во Лесковац поради патолошка омраза кон маќеата. Милош не ја поднесувал маќеата Даниела (43) бидејќи со години го злоставувала и него и неговата бремена сестра Ана (19) и татко му Предраг (45), а била добра само кон нејзината ќерка Сара (12). Ноќта меѓу саботата и неделата во него нешто се скршило, дополнително му го заматило умот, па ја земал секирата и сите четворица ги искасапил додека спиеле.
Ова несреќно семејство од почеток го следеле само болест и беда. Предраг се оженил со првата жена , која била тежок психички пациент. Со неа имал три деца – Милош, Ана и уште еден син, кој сега имал 15 години. Сите биле ментално нестабилни во помала или поголема мерка, но најболен бил најмладиот син, кој скоро од раѓање бил во Ценатар за социјално згрижување бидејќи му биле потребни надзор и нега.
Нивен роднина раскажал дека Предраг во 2007 година ја напуштил првата жена и со себе ги земал Милош и Ана и почнал да живее со Даниела, која исто така била ментално пореметена.
Даниела од првиот брак имала три деца, од кои едно тежок инвалид, но сите ги напуштила откако почнала да живее со Предраг. Со него во 2008 ја добила ќерката Сара, а со тоа и проблемите се зголемиле, бидејќи таа не ги поднесувала децата на Предраг. Предраг, пак, обидувајќи се да го сочува бракот со Даниела, се правел дека не гледа што таа им прави на неговите деца. Ги злоставуваше и понижуваше, поради што и двајцата ја мразеа,раскажал роднината.
Ова семејство живеело од социјално, но Предраг се обидувал да допринесе со повремена работа.
Во последно време работеше како чувар на градилиште, а бидејќи и јас бев таму ангажиран се гледавме често. Последен пат во саботата бев кај него дома. Даниела тој ден беше многу нељубезна. Му се дереше на Предраг што не заработува доволно, го понижуваше пред сите. За мртвите треба се најдобро, но таа навистина не беше ниту грижлива мајка, ниту посветена сопруга. Дома не работеше ништо, постојано беше на Фејсбук и ги злоставуваше сите по дома освен Сара, кажал роднината.
Уште поголем проблем настанал откако Ана останала бремена.
Остана бремена со некое момче од Смедеревска Паланка, од каде потекнува маќеата. Даниела беше особено бесна на Ана, не можеше да поднесе да и донесе дете дома. Беше се полоша кон неа а тоа се повеќе ја подигна тензијата меѓу сите во домот. За тоа време Милош беше како темпирана бомба. Беше прашање на момент кога ќе пукне, бидејќи таквите семејни односи од ден во ден се повеќе влијаеја на неговата болест – раскажал роднината.
Според полицијата, на четирикратното убиство му претходела кавга околу парите.
Таа вечер Милош барал пари од татко му, но овој не му дал, или можеби немал. Настанала голема кавга која ја слушнале соседите, но за кусо време се се смирило. Сега се виде дека Милош чекал сите да заспијат, па ја земал секирата и по ред сите ги искасапил во кревет, вели тој
Засега е недоречено што Милош правел следните 15 часа, бидејќи полицијата телата ги нашла во недела околу 14.30 часот. Според полицијата, тој откако го заклал семејството заминал кај тетка му, која наводно кога го видела крвав го прашала кој го тепал. Но, тој се и раскажал и најверојатно таа го наговорила да се врати дома и да пријави во полиција, што и го направил.
Милош го признал злосторството и иако нема официјални медицински податоци за неговата психичка состојба, бидејќи никогаш не се лечел, очигледно е дека има некое душевно заболување. Против него е поднесена кривична пријава а дали ќе оди во доживотен затвор или психичка болница зависи од неговото психичко вештачење, објаснил соговорникот за Информер.рс.
Од Центарот за социјална работа во Лековац неофицијално изјавиле дека убиецот Милош дури и бил најнормален во семејството.
Ние не го имавме во евиденција и немавме проблем со него. А дополнително ни е кажано дека освен што изостанувал во школо и бил неуреден и тие немале никаков проблем, изјавиле од Центарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.