Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените на моторните горива.

Владата ќе го продолжи ограничувањето. Можеме да ги ограничиме цените на горивото за вкупно три месеци, рекол Пленковиќ, пренесува порталот Индекс.

Тоа значи дека цената на бензините ќе остане на 11,10 куни (1,47 евра), а на дизел горивото на 11 куни (1,46 евра), пишува порталот.

Хрватската влада кон средината на минатиот месец донесе уредба за ограничување на цената на бензинот.

Пленковиќ тогаш на владината седница рече дека планот ќе важи еден месец и дека ваквата одлука е донесена за доброто на стопанството и граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.