Кафеаните во Србија за новогодишната ноќ веќе се распродадени.Иако поради високите бројки на заразени можно е да има карантин и полициски час, тоа не им пречеше на угостителите да ги продадат аранжманите.

Цените се движат околу 100 евра со вклучена вечера без пијалок. Резервациите најмногу ги направиле гости од 30 до 50 години.

Дел од пејачите исто така пазариле тезги за Нова Година но не ги објавуваат за да не го навлечат незадоволството кај граѓаните.

Ана Бекута ги критикуваше колегите како можат да мислат на песна кога луѓе наоколу умираат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.