На Кипар целосно се вакцинирани 69,9 отсто од граѓаните, додека пак 76,3 проценти примиле најмалку една доза, покажуваат последните податоци од Министерството за здравство.

Генералната директорка во Министерството за здравство на Кипар, Христина Јанаки, соопшти дека е реална целта, до крајот на август да стигнат до 81 отсто вакцинирани.

Од почетокот на пандемијата во земјата се регистрирани 107.887 случаи на Ковид-19, а починале 454 лица.

Заклучно со вчера, хоспитализирани се 276 пациенти, од кои 84,43 проценти се невакцинирани, а 95 во сериозна состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.