Досега во грција се спроведени вкупно 1.847.000 вакцинации, од кои 1,2 милиони граѓани, односно 11,56 отсто, ја примиле првата доза, а 663.000 Грци или 6,31 отсто се целосно имунизирани со двете дози.

Генералниот секретар од Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на редовната прес конференција за процесот на имунизација во земјата, јпрезентира и податоци за целиот процес. Тој објасни дека најголемиот број од вакцинираните се со вакцината на „Фајзер“ (1.395.929 дози), а потоа следуваат вакцините на „АстраЗенека“ (346.886) и „Модерна“ (128.651 дози). Овој распоред е согласно пратките и количините што ги добива Грција.

Во периодот од 27 март до 3 април, на закажаните термини за вакцинација, дневно доаѓале 97 отсто од граѓаните што имале закажано вакцинација со „Фајзер“ и „Модерна“ и 94 проценти со „АстраЗенека“. Откажувањата за првите две вакцини е околу еден отсто, додека за „АстраЗенека“ е до три проценти.

Процесот на имунизација со вакцината на „АстраЗенека“, во Грција се одвива регуларно за сите возрасни групи, без ограничувања, а претседателката на Националната комисија за вакцинација на Грција, Мариа Теодориду, за случаите на тромбоза изјави дека од 346.000 дози од оваа вакцина во земјата, до Националната организација за лекови бил пријавен само еден случај, што се третира како можно несакано дејство од вакцината.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.866 нови случаи на Ковид-19, починаа 73 лица, а зголемен е бројот на пациенти приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници, кој изнесува вкупно 759 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.