Полицијата се уште истражува како дошло до стравичната несреќа во селото Долно Меѓурово кај Ниш, кога воз на српската железница преполови автобус кој ја минувал пругата на обележан премин преку пругата.

Што и да се испостави како причина, во прашање наверојатно е човечка грешка поради која најмалку пет семејства сега се завиени во црно. Уште седум луѓе се борат за живот со тешки повреди во КЦ Ниш.

Како што пренесува новинарот на Блиц, една од најтажните сцени после страшната несреќа кај Ниш, се одиграла денеска пред очите на присутните во ходникот на Клиничкиот центар во Ниш, во кој изутрина се довезени 30 луѓе, деца и возрасни, повредени во судирот на возот и автобусот.

Расплакан маж во црна јакна телефонирал во ходникот на болницата. Со тешки чекори дошол до пултот и се потпрел. Му пришол тинејџер, со изгребано лице во стравичниот судир во кој е полесно повреден.

Им пришол човек со наведната глава и со полно сочувство ги прашал: Дали вам некој ви настрaдал?

Со нaведната главата мажот одговорил: Да жена ми!

Син му тогaш шокирано го погледал и запрашал: Мама настрaда?

Тешко тркалајќи ги зборовите низ усните, таткото го прегрнал синот и одговорил: Да сине. Не знаев како да ти кажам…

Во момент се стивнало. Мажот и неговиот син стоеле прегрнати и плачеле. Со нив плачеле и сите кои се нашле на тоа место.

Им пришол докторот и ги прашал дали нешто им треба.

Таткото љубезно одбил, а тогаш држејќи го синот во прегратка, тргнал кон излезот. Во минување кратко рекол: Тој ми е се, што ми остана од жена ми!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.