Ако не воведеме итни рестриктивни мерки за да го спречиме ширењето на коронавирусот, тогаш ризикуваме цела Србија да се зарази за многу брзо време, предупредува д-р Радмило Јанковиќ, заменик-директор на Клиничкиот центар во Ниш.
Тој вели дека новите пациенти кои завршуваат во болница поради компликации со ковид-10 главно се невакцинирани, а како што објаснува, најголем дел од нив се млади лица и ученици.
Без разлика на тоа што во болница завршуваат и вакцинирани и невакцинирани, сепак ова условно речено е одговорност на невакцинираните, бидејќи тие го пробија бедемот и ја започнаа спиралата која сега не можеме да ја запреме. Тешко е да се поверува дека лице на 80 години, кое лежи на респиратор, се заразило со ковид-19 поради тоа што посетувало концерти и одело на летување. Постарите луѓе се дисциплинирани и тие се заразуваат од младите кои можат полесно да ја пројдат болеста дури и без да забележат дека се позитивни на ковид-19. Проблемот е во тоа што не се почитува изолацијата. На пример, има случај кога мајка ги изнесува своите деца на игралиште, иако целото семејство треба да биде во изолација за тоа што сите членови се позитивни на ковид-19 – вели д-р Јанковиќ за Блиц.
Тој апелира до српските здравствени власти веднаш да воведат построги мерки за заштита од ширењето на заразата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.