Лаборантка од Крагуева Весна Радовановиќ на островот Евија спаси постара жена која се давела во морето. Несреќната жена била извадена од морето, модра во лицето и речиси без знаци на живот.

Видов во плиткото дека е извадена жена во години која беше модра во устата. Ги замолив луѓето што се обидуваа да ѝ помогнат да се тргнат, а жената ја превртев на страна за да ѝ се ослободат дишните патишта, а истовремено и ја извадив и забната протеза. По стандардната процедура почнав да ѝ го притискам горниот дел од стомакот, за да ја извадам водата која ја проголтала. Наеднаш жената почна повторно да диши, помодрените усни почнаа да ја менуваат бојата, што значеше дека нивотo на кислород во телото на жената се подига. Набргу стигна Брзата помош и бабата беше однесена во болница во стабилна состојба. Верувам дека ќе биде добро – изјавила Весна и додала:

Утре ми е роденден, а спасување на еден туѓ живот за мене е најголем подарок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.