Во врска со офанзивната кампања на СДСМ, кога на 6 дена пред вториот круг на гласање извадија информација дека сега веќе актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, има бугарски пасош и лична карта, се јави бугарското МНР.
Велат дека сакале веднаш да реагираат но се воздржале за да не станат дел од предизборната полемика. Реагираат за „агресивната политичка кампања спроведена минатата недела, поврзана со намерната злоупотреба на темата со поседувањето бугарско државјанство“ во изборниот процес во Македонија.
Апсолутно е неприфатливо да се користи говор на омраза како инструмент на внатрешно-политичкото спротивставување.Настаните од изминатата недела и агресивната реторика во изборната кампања за градоначалник на Скопје се уште еден илустративен пример за наметнатата атмосфера на нетрпеливост и непријателство кон граѓаните со бугарски идентитет и кон Република Бугарија – соопштија од бугарското МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.