Властите во Скопје да преземат мерки за ставање крај на говорот на омраза и за заштита на нивните граѓани со бугарскасамосвест, повика бугарското Министерство за надворешни работи на официјалната Фејсбук страна.
„Министерството за надворешни работи внимателно ги следи постојаните објави на социјалните мрежи со списоци на бугарски граѓани во Република Македонија, со повици за земање на нештата во свои раце и справување со нив. Очекуваме властите во Скопје да преземат мерки за ставање крај на говорот на омраза и заштита на нивните граѓани со бугарска самосвест“, се вели во објавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.