Би било неразумно да очекуваме дека бугарската позиција ќе се промени во наредните месеци, велат од бугарското МНР за „Труд.бг“.
Според бугарското МНР, во претстојниот период, Бугарија ќе продолжи со своите напори да им ги објасни на партнерите бугарските проблеми во врска со Република Македонија.
Очекуваме реален пристап на солидарност и разбирање од следното претседателство, велат од велат од бугарското МНР.
Оттаму додаваат и дека сегашната позиција на Бугарија има основа во натпартискиот консензус и наследниците на бегалците од Вардарска Македонија.
Соседна Бугарија нема да ја тргне блокадата за Македонија.
Да не заборавиме колку бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија. Според Министерството за правда, 88.450 граѓани на Република Македонија, исто така, имаат бугарско државјанство. Ниту една бугарска влада не може да ги предаде овие луѓе, наведуваат од бугарското МНР.
Бугарија нема да ја промени својата позиција кон Македонија во следните месеци, велат од бугарското МНР за „Труд.бг“.
Оваа позиција е предмет на консензус на партиите и со 84 проценти поддршка во јавното мислење. Да не заборавиме колку бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија. Според Министерството за правда, 88.450 граѓани на Република Македонија, исто така, имаат бугарско државјанство. Ниту една бугарска влада не може да ги предаде овие луѓе, наведуваат од бугарското МНР.
За евентуалниот анекс кон Договорот за добрососедство, од Министерството велат дека тоа не може само по себе да ги реши отворените прашања во односите со Македонија.
Република Македонија не го спроведува Договорот за добрососедство кој во 2017 година е ратификуван од обете страни и доставен до ООН. Зошто друг потпишан документ би се спровел, немаме причина да веруваме во тоа, се наведува во одговорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.