Националниот совет на Движењето на зелените, кој е дел од коалицијата Демократска Бугарија, одлучи нејзините пратеници да не го поддржат предлог составот за нова влада на партијата „Има таков народ“ во Националното собрание на Бугарија.
Оваа вест ја објави Борислав Сандов, копретседател на „Демократска Бугарија“ и „Зелено движење“, јави дописникот на МИА од Софија.
Според бугарските електронски медиуми, лидерите на партиите во коалицијата „Демократска Бугарија“ ќе разговараат за ова прашање, а конечната одлука ќе ја донесе пратеничката група на „Демократска Бугарија“ во Парламентот.
Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, се очекува бугарскиот Парламент да гласа за предлог владата на Пламен Николов во текот на следната недела. нк/гт/
2021-08-07 11:07:50, од Николај Крстев
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.