Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија, денска оддржува важен состанок на кој ќе присуствуваат не само високи претставници на бугарската левица, туку и коалициските партнери на БСП и каде ќе се разгледаат досегашните преговори меѓу БСП и претставниците на „Има таков народ“ и ќе се одлучи дали ќе продолжат разговорите меѓу двете заинтересирани страни.
Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, денеска мора да добие мандат од Националниот совет на партијата за да ги продолжи преговорите со партијата на ТВ-презентерот Слави Трифонов и во каква форма ќе ја поддржат идната бугарска влада. Пленумот ќе го разгледа и прашањето за бараната оставка на Нинова од внатрепартиската опозиција поради губењето партиски гласови на предвремените парламентарни избори на 11 јули.
Се очекува денеска Нинова да го претстави планот за надминување на падот на Бугарската социјалистичка партија со сеопфатна објективна анализа и конкретни решенија за постигнување подобар резултат за левицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.