Бугарските државјани можат да се вакцинираат во најголемата болница за итни случаи во Софија „Пирогов“ со „Астра Зенека“ и без претходна регистрација, јави БНТ.
По имунизацијата на оние кои се запишале преку Националниот електронски систем, медицинската установа има количини што можат да ги користат оние кои сакаат да се вакцинираат без закажување преку Интернет.
Поради ова, најголемата болница за итни случаи во Бугарија „Пирогов“ отвори четири пунктови за имунизација со вакцината АстраЗенека. Оттаму велат дека ќе биде прифатен секој што сака да биде имунизиран и без закажување.
Пунктовите за имунизација ќе бидат отворени денеска од 09.00 до 17.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.