За бугарскиот претседател Румен Радев, активностите на бугарската Влада во однос на интеграцијата на Западниот Балкан одат пребрзо и на штета на неговата земја. Проблемите наталожувани со векови тешко можат да се решат за шест месеци, изјави Румен Радев, претседателот на Бугарија за Дарик радио .
Брзината со која владата го потпиша договорот за добрососедство со Македонија без да се зборува и со Грција и без внатрешен консензус, практично беше за слава – вели Радев.
Тој објасни дека како претседател на Бугарија не се согласува со името „Македонија” и посочи дека ако Бугарија имаше посериозна позиција, сега бугарскиот премиер ќе беше номиниран за Нобеловата награда за мир заедно со Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.